СОВЕТ КОЈ ВРЕДИ ДА ГО ЗАПИШЕТЕ: Откриена тајната на сараевските ќебапи!

СОВЕТ КОЈ ВРЕДИ ДА ГО ЗАПИШЕТЕ: Откриена тајната на сараевските ќебапи!

Ви ја откриваме тајната за најпопуларното босанско јадење, сараевските ќебапи.

Во продолжение ви донесуваме рецепт како сами да направите смеса за сараевски вкусни ќебапи. Поентата е во доброто месо, начинот на подготовка и смесата да отстои.

Состојки:

  • 1,5 кг мелено јунешко месо
  • 1/2 кг јагнешко месо
  • 4-5 чешниња лук
  • сол
  • 2 лажици сода бикарбона

Начин на подготовка:

  1. Месото исечено на коцки добро посолете го, измешајте и прелијте го со 100 мл вода и лук кој претходно сте го свариле.
  2. Измешајте ја смесата па оставете ја во фрижидер преку ноќ.
  3. Смесата наредниот ден сомелете ја во машина за мелење месо два пати, оставете ја да отстои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.
  4. Во смесата, пред да почнете да обликувате ќебапи, измешајте сода бикарбона.
  5. Уживајте во вкусните и сочни ќебапи.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо