НЕВЕРОЈАТНО ВКУСЕН ПОСЕН КОЛАЧ: Еве како да направите домашен јафа десерт! (ВИДЕО)

НЕВЕРОЈАТНО ВКУСЕН ПОСЕН КОЛАЧ: Еве како да направите домашен јафа десерт! (ВИДЕО)

Брзо и едноставно направете вкусен, сочен колач за посните денови.

Состојки:

  • 4 шолји бело брашно
  • 4 шолји пченичен гриз
  • 2 шолји шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • изрендана кора од лимон и портокал
  • 4 шолји вода
  • 100 гр суво грозје

Состојки за прелив:

  • 4 шолји шеќер
  • 4 шолји сок од портокал
  • 1 портокал

Начин на подготовка:

  1. Сувото грозје прелијте го со врела вода и оставете го десетина минути да набабри. Процедете го и измешајте го со гриз. Сите наведени состојки одеднаш измешајте ги, можете да ги разматите со миксер и да го оставите тестото малку да отстои, околу 10 минути.
  2. Излејте го тестото во плех обложен со хартија за печење. Од горе нафрлајте суво грозје и ставете го да се пече во загреана рерна на 170 или 180 степени. Од прилика се пече 20 минути, а за тоа време треба да направите сируп.
  3. Сокот измешајте го со шеќер, додајте портокал и готвтете околу 20 минути. Овошјето извадете го и со врелиот сируп прелијте го колачот.
  4. Оставете го колачот да се излади околу 15 минути, па исечете го на коцки.

Погледнете го и видеото со детално упатство:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

singlepost_text