СТАРО СЕЛСКО ЈАДЕЊЕ НАМЕСТО ЛЕБ: Вистинската проја има само 3 состојки!

СТАРО СЕЛСКО ЈАДЕЊЕ НАМЕСТО ЛЕБ: Вистинската проја има само 3 состојки!

Вистинската проја се прави од само три состојки: крупно мелено пченкарно брашно, сол и вода, без додавање на сирење, месо и слично. Еве еден рецепт за вистинска селска проја.

Состојки:

  • 400 гр крупно мелено пченкарно брашно 
  • 220 мл млака вода (во која е разматен половина кесичка прашок за пециво) 
  • 1 рамна лажичка сол 
  • маст (или масло) за намастување

Начин на подготовка:

  1. Во брашното ставете ја млаката вода со разматен прашок за пециво и додајте една лажичка сол. Масата треба да биде нешто погуста од тесто за палачинки. 
  2. Измешајте и ставете ја смесата во тепсија намастена со маст (ако постите со билно масло) ставете во загреана рерна на 230 степени, околу 15-20 минути. 
  3. Испечената проја пропрскајте ја со вода, прекријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади. 
  4. Изладената проја исечете ја на коцки или триаголници и послужете наместо леб, со сарма, расол, полнети пиперки, јогурт или кисело млеко.

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)