Зеленчук од рерна

Зеленчук од рерна

Зеленчук прелиен со јајце, павлака и пармезан…

Состојки:

  • 4 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 2 главици кромид
  • 150 гр грашок
  • 2 моркови
  • 3 јајца
  • 250 мл неутрална павлака
  • 50 гр рендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • чили во прав

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Пиперките исчистете ги и исечете ги на парчиња. Кромидот сечете го на подебели парчиња, а морковите на тенки кругови. Процедете го грашокот (ако е од конзерва, а ако е замрзнат прво треба да го зготвите) и измешајте го со останатиот зеленчук. Наредете го зеленчукот во намастен плех или огноотпорен сад.
  2. Разматете јајца, додајте павлака и пармезан, сè посолете и побиберете. За оние кои сакаат луто додајте чили. Прелијте го зеленчукот и запечете го во рерна (околу 25 минути).

Добар апетит!

Поврзани рецепти на Готви.мк

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук