Печени компири и тиквици од рерна

Печени компири и тиквици од рерна

Многу едноставен и вкусен прилог…

Состојки:

  • 2 тиквици
  • 4 компири
  • 1 црвена пиперка
  • 1 чешне лук
  • 1/2 шолја сува презла
  • 1/4 шолја маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • пипер

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците исечкајте ги на четири крупни парчиња, компирите излупете ги и исечкајте ги исто така на покрупни парчиња. Пиперката исчистете ја и исечкајте ја, лукот исечкајте го на ситни парчиња.
  2. Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквиците, компирите, пиперката, лукот и презлата наредете ги во сад, прелијте со маслиново масло и зачинете со сол, бибер, пипер…
  3. Печете околу 1 час, со повремено мешање, додека компирите не омекнат. Повторно зачинете по вкус, ако сметате дека има потреба.
  4. Сервирајте со месо, скара, риба…

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин