Како да ги избегнете грешките при слабеење?

Како да ги избегнете грешките при слабеење?

Сакате да ослабите, но не успевате во тоа. Еве каде грешите…

Претерувате со „здрава храна“

Белиот леб сте го замениле со црн, сончогледовото масло со маслиново или кокосово, месото со соја, грицките со јаткасти плодови… Сè е во ред само ако имате мерка и ги ограничувате порциите наместо да се опуштате, бидејќи знаете дека намирниците се здрави.

Не спиете доволно

Ако спиете помалку од седум часа, го успорувате метаболизмот, ги збунувате хормоните и така ја намалувате шансата за губење килограми.

Премногу вежбате

Експертите тврдат дека слабеењето 80 отсто зависи од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето. А многумина кои вежбаат секој ден јадат поголеми порции, бидејќи мислат дека можат сè да „скинат“ во теретана.

Вечерате прерано

Повеќето експерти велат дека треба да вечерате до 18 часот, но доколку одите во кревет по полноќ, до тогаш ќе бидете гладни што го успорува метаболизмот. Суштината е да 70 отсто од сите калории ги внесувате во телото во оброци пред вечера, а само 30 отсто навечер. Тогаш нема да биде важно дали јадете во 19 или во 23 часот.

Повеќе на Готви.мк:

Видео: Како да излупиме лук, јајце и банана

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција