Посна торта со пиво: Неверојатен вкус во кој ќе уживате!

Посна торта со пиво: Неверојатен вкус во кој ќе уживате!

Во исто време е толку несекојдневна, а повторно позната и домашна…

Состојки:

  • 1/2 л пиво
  • 900 гр ореви
  • 700 гр кристал шеќер
  • 400 гр меко брашно
  • 4 лажици масло
  • 1 лимон
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • џем од кајсии

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од 1/2 кг шеќер, 1/2 кг мелени ореви, 400 гр меко брашно, изрендана кора и сок од еден лимон, 1 лажичка сода бикарбона, 4 лажици масло и 1/2 л пиво, па од ова тесто испечете 2 кори.
  2. Згответе 200 гр шеќер со малку вода, додајте 250 гр ореви и 2 кесички ванилин шеќер. Тортата прво премачкајте ја со џем од кајсии, а потоа со изладениот фил. Посипете со останатите ореви.

Послужете и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text