ПРОВЕРЕН РЕЦЕПТ: Како се прави највкусната пита со јаболка?

ПРОВЕРЕН РЕЦЕПТ: Како се прави највкусната пита со јаболка?

Од сите пити со овошје, можеби оваа ќе ви биде омилена!

Начинот на подготовка на оваа пита не е тежок и не одзема многу време, а вкусот е феноменален!

Состојки:

  • 1 паковање лиснато тесто
  • 30 гр путер
  • 5 јаболка
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • малку мускатно оревче
  • 1 жолчка
  • малку шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Растопете го путерот и ставете цимет и оревче. Додајте јаболка исечени на коцки со средна големина. Измешајте и тргнете го садот од оган.
  2. Префрлете ја смесата во кружна тепсија. Растегнете лиснато тесто и прекријте ја смесата од јаболка со ова тесто.
  3. Разматете жолчка и премачкајте го тестото. Печете на 200 степени околу 30 минути.
  4. Откако ќе се излади посипете ја питата со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)