Италијански ќофтиња

Италијански ќофтиња

Автентичниот вкус на италијански ќофтиња ќе направи да се чувствувате како во ресторан во срцето на Тоскана.

Состојки:

  • 450 гр мелено говедско месо
  • 1 јајце
  • 1/4 чаша млеко
  • 1/2 чаша презла
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка свеж магдонос
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • 1/2 лажичка пипер
  • 1/4 чаша рендан пармезан

Начин на подготовка:

  1. Во голема чинија со рака соединете ги сите состојки.
  2. Откако добро ќе ги соедините состојките, обликувајте ќофтиња со големина на топчиња за голф.
  3. Ќофтињата ставете ги во доматен сос кој претходно сте го подготвиле, а потоа ставете ги да се крчкаат околу 3 часа.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

 

singlepost_text