Рецепт за посни ванилици

Рецепт за посни ванилици

Ванилици можете да подготвите и на овој начин!

Состојки:

  • 300 гр маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 500 гр брашно
  • сок од еден лимон и ситно изрендана кора
  • 1 ванилин шеќер
  • џем по желба

Начин на подготовка:

  1. Замесете маргарин, брашно, сок од лимон, малку кора од лимон и ванилин шеќер. Тестото мора да е со средна тврдина и не смее да се троши и дроби.
  2. Прекријте го со проѕирна фолија и почекајте околу 20 минути.
  3. Кога тестото ќе се одмори, растегнете го на дебелина од половина сантиметар и со калап вадете кругчиња.
  4. Редете ги во плех на кој сте ставиле хартија за печење и оставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 10 минути.
  5. Кругчињата не треба да бидат кафеави, туку посветли и кога ќе се изладат спојувајте ги со џем и извалкајте ги во шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат