ПОСЕН КОЛАЧ: Манастирската пита ќе ја јадат и оние кои не знаат што е пост!

ПОСЕН КОЛАЧ: Манастирската пита ќе ја јадат и оние кои не знаат што е пост!

Замислете совршен спој на баклава и медено срце: е тоа е вкусот на манастирската пита. Во деновите кога постиме на вода, парче од овој колач со шолја домашен чај добро ќе ни дојде.

Сосотјки за кора:

  • 100 гр шеќер
  • 6 лажичи џем од кајсии
  • 1 шолја сечкани ореви
  • 1 шолја урми
  • 1 шолја суво грозје
  • 1/2 л млака вода
  • сок и рендана кора од портокал
  • 500 гр брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • кора од лимон
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка цимет

Состојки за украсување:

  • 3 лажици џем од кајсии
  • 3 лажици мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете брашно, прашок за пециво, шеќер, ореви, урми, суво грозје, рендани кори од лимон и портокал, сода бикарбона, цимет и џем од кајсии кој претходно сте го разредиле со неколку лажици млака вода.
  2. Сè добро измешајте, додајте сок од портокал и остатокот од водата, префрлете го тестото во кружен калап со хартија, израмнете го со лажица и печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
  3. Колачот извадете го од рерна, премачкајте го со џем и печете го уште 5-10 минути.
  4. Изладениот колач исечете го на парчиња, посипете со мелени ореви и сервирајте го со кафе или топло какао.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

singlepost_text