Неодоливо вкусен колач: Чоколадно лудило

Неодоливо вкусен колач: Чоколадно лудило

Ако сте љубител на лесни и едноставни рецепти, вие сте на вистинското место!

Состојки:

  • 250 гр мелени бисквити
  • 100 гр путер
  • 400 гр еурокрем
  • 500 гр крем сирење

Начин на подготовка:

  1. Соединете го путерот со една лажица еурокрем, па смесата растопете ја на пареа. Со оваа мешавина прелијте ги мелените бисквити и смесата оставете ја во фрижидер.
  2. Измешајте го остатокот од чоколадниот намаз со крем сирењето во блендер или со миксер. Добиената смеса, исто така, оставете ја во фрижидер.
  3. Смесата со кекс всушност е кора за торта – ставете ја во калап и обликувајте рамномерна кора. Од горе распоредете смеса од крем сирење и еурокрем.
  4. Оставете ја тортата околу 20 минути во фрижидер убаво да стегне. Украсете ја по желба со сезонско овошје или рендано чоколадо.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Нема веќе стоење до шпорет – Колач без печење, совршен за горештините

Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Најбрзиот колач на светот: Измешајте брашно и сладолед и ќе добиете колач за 5 минути

ВИДЕО: Трикови за печење колачиња кои ќе ги пробате веднаш

Овошен колач со јагоди

Колач со печени јаболка