Говедско во црвено вино

Говедско во црвено вино

Љубителите на месо ќе уживаат во сочните парчиња вкусно говедско месо во црвено вино.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 200 гр јунешки шницли
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • прстофат оригано
  • 1 чаша црвено вино
  • 200 гр сечкан домат

Начин на подготовка:

  1. Загрејте маслиново масло на тава. Пропржете ги шницлите околу 2 минути, додека не добијат убава боја од двете страни. Извадете ги шницлите од тава, а потоа во тавата ставете сечкан кромид, ситно сечкан лук и оригано. Пржете околу 5 минути.
  2. Во пропржениот кромид додајте домат и вино и оставете да се крчка десетина минути. За тоа време исечкајте ги шницлите на коцки, па додајте ги во тавата и добро измешајте. Кога ќе ги ставите коцките месо, оставете да се крчка уште пет миути. По желба, послужете со тестенини или пржени компирчиња.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Фантазија рецепт: Крањска со зеленчук

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, лук и босилек

Печена пица палачинка

Која е тајната за совршени лазањи?