Како да направите селски лонец со јунешко месо и зеленчук (ВИДЕО)

Како да направите селски лонец со јунешко месо и зеленчук (ВИДЕО)

И зеленчук и месо – комбинација која секогаш е вкусна. Ќе го обожавате ова јадење!

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 3-4 моркови
  • 4 компири
  • 4 чешниња лук
  • магдонос
  • 1 пиперка бабура
  • 1 домат
  • 200 гр грашок
  • 600 гр црвен грав од конзерва
  • 1/2 л варен домат
  • 600 гр јунешко мелено месо (може и на коцки)
  • зачин
  • ситна пиперка
  • бибер
  • 5 лажици масло
  • 500 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот излупете го и измијте го. Прво издинстајте сечкан кромид, додајте го месото, додајте чаша вода и продолжете со готвење неколку минути. Потоа додајте го исечканиот зеленчук, освен лукот, магдоносот и црвениот грав.
  2. Налејте со варен домат и вода. Гответе додека не омекне, на крај зачинете и додајте сечкан лук и магдонос. Гответе уште неколку минути и послужете.

Погледнете го видеото:

Повеќе на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука