Еве зошто не би требало да пиете алкохол навечер

Еве зошто не би требало да пиете алкохол навечер

Многу докази укажуваат дека конзумирањето алкохол пред спиење и не е така добра идеја.

Иако алкохолот на почеток не успива, големи се шансите во текот на ноќта да се пробудиме и по неколку пати. Исто така, алкохолот ја оневозможува РЕМ фазата на сонот – фаза во која сонуваме и која е клучна за процесот на учење и долгорочно памтење.

Лош квалитет на длабок сон

Алкохолот во првиот дел не фрла во длабок сон, меѓутоа, неговиот квалитет не е најдобар, па затоа наредниот ден чувствуваме последици во облик на главоболка и замор.

Во вториот дел од сонот, телото се обидува да го надохнади изгубеното и затоа вклучува повеќе РЕМ фази. Проблемот е во тоа што РЕМ фазата тогаш се одвива во неприкладно време, кога веројатно ќе се пробудиме.

Зошто мажите подобро го поднесуваат алкохолот од жените

Алкохолот има поголемо влијание на жените отколку на мажите од две причини. Жените имаат помалку цревни ензими кои го разградуваат алкохолот и жените имаат понизок удел на вода во телото. Двете причини придонесуваат до тоа да повеќе алкохол влезе директно во крвотокот на жените, додека кај мажите помалку алкохол ќе заврши во крвотокот, а повеќе во телесната вода.

Како да спречите алкохолот да ви го поремети сонот

Алкохолот во количина од 2 пијалаци не би требало да влијае на сонот. Мудро би било да имате помал вечерен оброк пред спиење бидејќи храната го успорува времето на апсорпција на алкохол.

Лицата кои имаат проблеми со спиењето не треба да пијат алкохол непосредно пред спиење.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:

Мажите ќе ве обожаваат: Направете им сладолед од пиво

Брашно, пиво, јајца и путер – 4 состојки за генијален резултат во кујната

Вкусно мезе: Крокети со пилешко и шунка – одлични за со ладно пиво

Необичен десерт на кој мажите ќе се радуваат: Палачинки со пиво

Викенд мезе: Поховани маслинки – одлично одат со пиво

Добра вест за мажите: Ако пиете пиво ќе бидете ѕверови во кревет