Домашен хот-дог

Домашен хот-дог

Брзо и лесно до вкусен оброк.

Состојки:

  • 1 кг меко брашно (тип 400)
  • 40 гр свеж квасец
  • 1/2 лажичка сол
  • 100 гр маргарин
  • 1 јајце
  • 1 дл јогурт
  • 4 дл млака вода
  • 1 лажица масло
  • жолчка за премачкување
  • 10 виршли Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Растопете го маргаринот на тивок оган. Во 4 дл млака вода растопете квасец, додајте сол, разматено јајце, јогурт, лажица масло, маргарин и брашно, па замесете тесто. Оставете го да нарасне и два пати премесете го.
  2. Развлечете го тестото и со нож исечете 10 правоаголници. На секое парче ставете по една Пекабеско вришла и затворете ја од сите страни. На намастена хартија за печење наредете ги хот-договите, па секој премачкајте го со разматена жолчка.
  3. Ставете ги да се печат во загреана рерна 35 минути додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка