ДЕСЕРТ ГОТОВ ЗА 5 МИНУТИ: Колач со банана и бисквити кој не се пече

ДЕСЕРТ ГОТОВ ЗА 5 МИНУТИ: Колач со банана и бисквити кој не се пече

Еве еден вкусен десерт кој ќе биде готов за неколку минути, за вистинско уживање после ручек…

Состојки:

  • 250 гр бисквити (по желба)
  • 125 гр путер
  • 2 зрели банани
  • 250 гр крем сирење
  • 3 лажици какао
  • сок од една мандарина (може и лимон или портокал)

Начин на подготовка:

  1. Сомелете ги бисквитите. Растопете путер, измешајте го со бисквитите и со кокос. Стиснете ја смесата во калап.
  2. Заедно измешајте банани и крем сирење, па додајте какао и сок од мандарина.
  3. Мешавината распоредете ја по кексот. Ставете го колачот во фрижидер и оставете го половина час да стегне.
  4. Колачот декорирајте го по желба – со топено чоколадо или овошје.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Ремек дело во кујната: Леб од банана

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

Тазе домашен леб

Полнет запечен леб

Домашниот леб на мајче Вера

Домашен леб со маслинки

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)