Печен чоколаден пудинг

Печен чоколаден пудинг

За сите љубители на чоколадо…

Состојки:

  • 75 гр глатко брашно
  • 1,5 лажици мелено јаткасти плодови (лешници, ореви, бадеми)
  • 130 гр кафеав шеќер
  • 1,5 лажица прашок за пециво
  • 3,5 лажици какао во прав
  • 125 мл млеко
  • 35 гр путер
  • 1 јајце
  • неколку капки екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени.
  2. Брашното, јаткастите плодови, 40 гр шеќер и 2 лажици какао измешајте ги во сад.
  3. Во млекото додајте растопен путер, јајце и ванила и измешајте со брашното и прашок за пециво.
  4. Смесата поделете ја во 4 садови (околу 250 мл) и наредете ги на плех.
  5. Останатиот шеќер измешајте го со останатото какао па со тоа посипете го тестото во садовите.
  6. Додајте зовриена вода (по околу 60 мл во секој сад) па печете околу 15 минути во загреана рерна.
  7. Печениот пудинг послужете го додека е топол.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

 

 

singlepost_text