ЛАЖНА БАКЛАВА: Добро познатиот вкус за само половина час!

ЛАЖНА БАКЛАВА: Добро познатиот вкус за само половина час!

Кога ќе посакате баклава, а сите знаеме дека за неа треба малку повеќе време и материјал, тогаш направете го овој колач. По вкус како да јадете баклава, а готов е за најмногу 30 минути.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 2 шолји шеќер
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја гриз
  • 1 шолја остро брашно
  • 2 шолји мелени ореви

Состојки за прелив:

  • 0,5 л вода
  • 2 шолји шеќер

Начин на подготовка:

  1. Пенесто измешајте јајца со шеќер, па додајте ги останатите состојки. Ставете ја смесата во тепсија и печете околу половина час.
  2. Жешкиот колач прелијте го со преливот кој ќе го направите така што ќе сварите вода со шеќер додека не се растопи.
  3. Посипете со мелени ореви, послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Чоколадна баклава

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта