Подгответе вкусен капучино колач

Подгответе вкусен капучино колач

Засладете го дружењето со пријателите со кафе и вкусен десерт.

Состојки:

  • 250 гр путер
  • 280 гр брашно
  • 3 лажички прашок за пециво
  • 250 гр шеќер
  • 4 јајца
  • 150 мл јогурт
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка какао
  • 100 мл јако кафе

Состојки за прелив:

  • 140 гр шеќер во прав
  • 350 гр маскарпоне или некое друго несолено сирење

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени. Во плех за печење ставете хартија за печење.
  2. Разматете путер, брашно, шеќер, прашок за пециво, јајца, јогурт, ванила, какао и половина од подготвеното кафе. Хомогената смеса потоа ставете ја во плех и печете околу 30-40 минути (со чепкалка проверете дали колачот е печен). Пропрскајте со остатокот од кафето и оставете да се излади.
  3. Разматете сирење со шеќер во прав и со тоа исфилувајте го изладениот колач. Колачот украсете го по желба (со какао, бонбончиња со кафе…)

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта