Едноставен рецепт за совршено тесто за пица – еве во што е тајната!

Едноставен рецепт за совршено тесто за пица – еве во што е тајната!

Направете домашно тесто за пица, филувајте по желба и уживајте во омилениот италијански специјалитет.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 30 гр квасец
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 дл масло
  • млака вода за мешање

Начин на подготовка:

  1. Квасецот разматете го со шеќер во малку млака вода, додајте лажица брашно и шеќер и оставете го да скисне.
  2. Измешајте брашно и сол, а потоа додајте ги квасецот и маслото.
  3. Замесете меко тесто со помош на млака вода. Тестото е готово кога веќе нема да се лепи, но не треба да биде и премногу суво.
  4. Доколку ви остане тесто, можете да го замрзнете, па така ќе имате домашна подлога за пица кога ќе ви затреба.

СОВЕТ: Пицата секогаш печете ја во однапред загреана рерна, доколку сакате да биде крцкава печете на највисока температура.

Повеќе вести на Готви.мк:

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки