ФОТО: Ова е најтешката загатка со храна

ФОТО: Ова е најтешката загатка со храна

Три тегли со бонбони стојат на полица. Во едната има ментол, другата јаболка и третата има измешани бонбони.На секоја тегла има налепница со тоа какви бонбони содржи т.е со каков вкус.

Налепниците се измешани и залепени на погрешна тегла, а сите бонбони имаат иста боја и форма.

Колку бонбони треба да извадите за да знаете која тегла какви содржи?

Решението го имате подолу:

 

.

.

.

.Повеќе на Готви.Мк:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

 

.

.

.

.

.

.

 

.

.

.

.

Од теглата со налепница „Мешавина“, ќе ивадиме едно бонбонче. Со оглед на тоа дека налепницата е погрешна, знаеме дека мора да има или само бонбони од ментол или само од јаболка. Па така, ако од оваа тегла извлечеме бонбонче од ментол, тогаш сите бонбони во неа се од ментол.. Според тоа што ја најдовме теглата со бонбони од ментол, во теглата со налепница „Јаболка“, која знаеме дека е погрешно залепена, мора да има измешани бонбони – од ментол и јаболко. Останува само теглата со налепница „Ментол“, но по процесот на елиминација, веќе знаеме дека таму има бонбони од јаболко.

Извор: Црнобело