Тиква со мелено месо

Тиква со мелено месо

Исклучително вкусно и здраво јадење!

Состојки:

  • 1 тиква со средна големина
  • 300 гр мелено месо
  • 100 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 200 гр кашкавал
  • маслиново масло
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. Измијте ја тиквата, отсечете го врвот и издлабете ја. Месото од тиквата исчистете го од семки и исечете го на коцки.
  2. Обварете го оризот.
  3. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги  и пропржете ги на масло. Додајте изгмечен лук и мелено месо. Сè зачинете и продинстајте. На крај додајте ги коцките тиква и измешајте.
  4. Наполнете ја тиквата со подготвениот фил и поклопете со отсечениот врв.
  5. Во плех ставете хартија за печење и печете ја тиквата на 250 степени околу 1 час. По потреба додавајте вода во плехот.
  6. По еден час отстранете го поклопот и посипете со изрендан кашкавал. Вратете ја тиквата во рерна да се запече (околу 10 минути).
  7. Послужете топло.

Добар апетит!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди