Пилешко со сланина и рузмарин

Пилешко со сланина и рузмарин

Ова пикантно јадење брзо се подготвува, а вкусот е неверојатен…

Состојки:

  • 4 лажички лук во прав
  • 4 парчиња пилешко филе
  • 4 гранчиња рузмарин
  • 4 големи парчиња сланина Пекабеско (или 8 помали)
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Лукот во прав посипете го по пилешкото месо и посолете и побиберете по вкус. Преку пилешкото ставете гранчиња рузмарин, па прекријте го со сланина. Свиткајте го месото и прицврстете го со чепкалка.
  2. Пилешкото печете го на скара околу 8 минути од секоја страна, или додека добро не се испече.

Добар апетит!

Прочитај и:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо