ОМИЛЕНАТА ЗИМСКА НАПИВКА: Еве како да направите совршено варено вино!

ОМИЛЕНАТА ЗИМСКА НАПИВКА: Еве како да направите совршено варено вино!

Една од омилените зимски напивки со која можеме најдобро да се згрееме се прави навистина лесно.

Состојки:

  • 0.75 л црно суво вино
  • 60 гр кафеав шеќер
  • 1 ловоров лист
  • 1 корен од ѓумбир со големина на палец
  • 1 портокал
  • 1 лимон (само кората)
  • 2 каранфилчиња
  • 1 оревче
  • 2 кафени лажици ликер од портокал

Начин на подготовка:

  1. Излупете ја кората од портокалот и лимонот, портокалот преполовете го и иситнете го и сè заедно ставете во лонец.
  2. Додајте шеќер, измешајте и налијте вино таман за да ги потопи корите и портокалот. Гответе 5-6 минути додека не добиете сируп.
  3. Кога ќе добиете сируп, додајте го остатокот од виното.
  4. Ѓумбирот излупете го и исечкајте го во претходно добиената течност, па ставете ги останатите зачини. Пробајте, па по потреба додајте уште шеќер.
  5. Штом течноста зоврие, изгаснете го огнот.
  6. Потоа додајте бибер. Оставете го вареното вино да отстои десетина минути. Процедете и уживајте.

Повеќе вести на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди