Силен земјотрес ја стресе Македонија

Силен земјотрес ја стресе Македонија

Силен земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер, синоќа го потресе Валандово, а бил почувствуван и во Струмица, Гевгелија, Дојран, Богданци и Неготино.Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во соседна Грција.

Овој земјотрес се случи во 00 часот и 23 минути со Рихтерова локална магнитуда 5.1. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во  Гевгелија и Богданци со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, Валандово и Струмица со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е втор ваков земјотрес во Македонија, откако на 11 септември, скопје се стресе со пет степени според Рихтер.

Засега нема информации дали е направена каква било материјална штета.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text