Полнети печени поховани пиперки

Полнети печени поховани пиперки

Вакви полнети пиперки можете да послужте како предјадење или како додаток на главното јадење…

Состојки:

  • 5 црвени печени пиперки
  • 300 гр ситно сирење
  • малку сусам
  • сол, бибер
  • 1 јајце
  • магдонос (по желба)

Состојки за поховање:

  • 2 јајца
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици презла
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Испечете ги пиперките во рерна или на скара, а потоа излупете ги.
  2. Изгмечете сирење, па во него додајте едно јајце. Додајте сусам, бибер, сол и магдонос.
  3. Наполнете ги пиперките со филот.
  4. Извалкајте ги во брашно, јајца, па во презла.
  5. Пржете ги во загреано масло, на умерен оган додека не поруменат.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Солени палачинки

Палачинките на Леа

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка