Колачиња со пиво за викенд уживање

Колачиња со пиво за викенд уживање

Направете супер вкусни и посни колачиња.

Состојки:

  • 3 шолји брашно
  • 1 шолја масло
  • ½ шолји пиво
  • ½ прашок за пециво
  • ½ шолји гриз
  • 600 гр шеќер
  • 450 мл вода

Подготовка:

  1. Во сад се става брашното, маслото, пивото, прашокот за пециво, и гризот и се добро се меша, за да излезе тесто, од кои ќе расукаме кора.
  2. Од кората со чаша направете кругови и ставете ги во тава за печење 20 минути на 220 степени.
  3. На оган ставете ги шеќерот и водата и направете шербет, па оладените колачиња посипете ги со него.
  4. Извалкајте ги во кокос.

Повеќе на Готви.мк:

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди