Рецепт за доручек кој никогаш нема да го заборавите! (ВИДЕО)

Рецепт за доручек кој никогаш нема да го заборавите! (ВИДЕО)

Доколку немате идеја што да подготвите за доручек, ви предлагаме целосно поинаков, но многу вкусен начин на подготовка на тост сендвич.

Состојки:

  • 1 пакување тост леб
  • 200 гр шункарица
  • 3 домати
  • 200 гр павлака
  • 3 јајца
  • 200 гр сирење
  • 100 мл млеко
  • сусам
  • 200 мл јогурт
  • 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Најпрво издробете го сирењето, додајте јајца, млеко и јогурт и смесата изедначете ја.
  2. Подгответе плех и на него ставете хартија за печење.
  3. Секое парче тост леб намачкајте го со павлака, а помеѓу парчињата ставете по 1-2 листови шункарица и тенко сечено парче домат. Полека, преку тост лебот прелијте го филот од сирење и јајца, па од горе додајте изрендан пармезан или кашкавал и сусам.
  4. Печете на 200 степени околу 20-30 минути убаво да порумени. Послужете со кисело млеко или јогурт.

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки