Пилешки прстени

Пилешки прстени

Вкусни и сочни пилешки прстени…

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 2 јајца
  • 100 гр презла
  • 40 гр сусам
  • 100 гр брашно
  • сол
  • масло
  • чепкалки

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо измијте го и исечете го на ленти со големина по желба. Секоја лента посолете ја по вкус.
  2. Во еден сад разматете јајца, а во друг ставете брашно, додека во трет измешајте презла и сусам.
  3. Секоја лента извалкајте ја во брашно, па во јајца и на крај во презла и сусам. Од парчињата месо направете кругови и спојте ги со чепкалки.
  4. Пржете ги на врело масло од двете страни да добијат жолта боја.
  5. Похованите пилешки прстени ставете ги на салфета. Кога ќе се изладат, извадете ги чепкалките и сервирајте.

На здравје!

Поврзани вести на Готви.мк

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки