Колач од лимон без брашно

Колач од лимон без брашно

Освежувачки и сладок, овој колач е одличен десерт без брашно.

Состојки:

  • 220 гр бадеми
  • 8 лажици шеќер
  • 4 јајца
  • 5 лажички рендана кора од лимон
  • 1/2 лажичка цимет
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Во плех ставете хартија за печење или малку посипете го со масло и брашно.
  2. Бадемите и 2 лажици шеќер сомелете ги во блендер.
  3. Измешајте жолчки, 2 лажици шеќер, кора од лимон, цимет и сол. Сè добро измешајте, а потоа додајте мешавината со бадеми.
  4. Од белките направете снег, постепено додавајќи 4 лажици шеќер. Полека додајте го снегот од белки во подготвената смеса. Внимателно измешајте.
  5. Смесата префрлете ја во плех и печете ја во загреана рерна 35 минути. Со чепкалка проверете дали колачот е печен.

Послужете и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега