Пијано органско пиле за 4 лица

Пијано органско пиле за 4 лица

Спој на традиционалните и модерните вкусови на вашата маса…

Состојки:

  • 1 пиле (околу 2.5 кг)
  • 300 гр шампињони
  • 150 гр врган
  • сушени смокви
  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 праза
  • 1 јаболко
  • сол, бибер
  • 0.33 л пиво

Начин на подготовка:

  1. За полнењето на пилето исечкајте праз и суви смокви на ситни парчиња. Јаболкото и шампињоните исечкајте ги на листови.
  2. На маслиново масло пропржете праз, па додајте шампињони, врган, јаболко и на крај смокви. Динстајте неколку минути сè заедно, а потоа додајте малку коњак и сè фламбирајте.
  3. Зачинете го пилето одвнатре и однадвор со маслиново масло, бибер и сол.
  4. Пивото ставете го во мала тегла, затворете ја и на капачето со нож направете мали дупчиња.
  5. Пилето наполнете го со претходно подготвеното полнење, а ставете ја и теглата. Затворете го пилето со чепкалки.
  6. Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете го пилето час и 20 минути.
  7. На секои десетина минути протресувајте го плехот за да се разлее пивото во внатрешноста на пилето.

Прочитајте поврзани Gotvi.mk рецепти:

Маринирани пилешки ражниќи

ВИДЕО: Неверојатно добар рецепт за пилешки кесадиљас

Шпагети со гриловано пилешко и песто сос

ВИДЕО: Рецепт за пилешко со 40 чешниња лук

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко