Мимоза – кралица на празничните салати: Еве како да ја подготвите!

Мимоза – кралица на празничните салати: Еве како да ја подготвите!

Оваа салата се подготвува едноставно и лесно, а често се послужува на празничните трпези.

Состојки:

  • 2 варени компири
  • 100 гр шунка Пекабеско
  • 100 гр кашкавал
  • 4 варени јајца
  • 2 варени моркови
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр кисела павлака
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На дното на стаклена чинија изрендајте варен компир, посолете и побиберете, потоа додајте половина од павлаката, па убаво распоредете. Од горе додајте малку мајонез, па рендан морков, павлака, потоа шунка, па остатокот од павлаката, повторно малку мајонез, па рендани варени јајца, прелијте со мајонез и на крај изрендајте кашкавал или тврдо сирење.
  2. Добро изладете ја салатата и послужете ја како предјадење, додаток за месо или како главно јадење.

На здравје!

Повеќе на Готви.мк:

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко