Супер одат во салати: Домашни кубети готови за миг

Супер одат во салати: Домашни кубети готови за миг

Направете домашни кубети кои совршено одат со салати. Овие кубети можете да ги грицкате со семејството и пријателите или да ги употребите како додадете во омилените салати и други јадења.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 шолја масло
  • 100 гр сусам
  • 250 мл млеко
  • 40 гр квасец
  • 1 лажица сол
  • 1 пакетче ким

Подготовка.

  1. Во сад се става брашното и на средина се ставаат квасецот, малку шеќер, како и млекото кое треба да биде млако.
  2. Се додаваат сите други состојки.
  3. Се меси тесто и се прави правоаголник од него, па се сечат коцки.
  4. Се премачкуваат со масло и се редат на подмачкан плех.
  5. Печете ги 5 минути на 180 степени.

Уживајте 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со многу зеленчук и кубети

Салата со маслинки и кубети

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула