Бурек со печурки

Бурек со печурки

Овој бурек е најдобар кога се служи со јогурт или кисело млеко.

Состојки:

  • 1 пакување готови кори за пита
  • 400 гр шампињони
  • 2-3 главици кромид
  • масло
  • мешавина од зачини
  • сол
  • бибер
  • пипер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете кромид и шампињони, зачинете. Измешајте масло со вода во однос 1:1. Во кружен плех редете една по една кора, секој пропрскајте ја со мешавината од масло и вода, на секоја трета ставајте по малку фил од шампињони, а последната кора оставете ја празна.
  2. Ставете ја питата во рерна да се пече. Kога веќе ќе порумени од горната страна, превртете ја и оставете ја да се пече уште малку од долната страна.
  3. Послужете со јогурт или кисело млеко.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Вкусни погачици

Мекици

Посна торта

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Ресана торта

Колач со печени јаболка

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами