Пица која не дебелее – нема тесто, нема да верувате од што се прави

Пица која не дебелее – нема тесто, нема да верувате од што се прави

Направете вкусна пица која не дебелее, супер вкусна, супер брза и секако здрава. Здраво уживање без тесто и калории.

Состојки:

  • 800 грама карфиол
  • 1 јајце
  • 100 грама моцарела
  • 1 круг моцарела
  • доматно пире
  • оригано

Подготовка:

  1. Карфиолот се ренда и се става на пареа три минути, па се става во сад.
  2. Се додава јајцето, моцарелата, сол и зачините. Може да додадете и зачини по желба.
  3. Во тава за печење се става хартија, па мешавината.
  4. Со лажица се размачкува по тавата, се обликува круг и се става да се пече на 200 степени околу 30 минути.
  5. Откако ќе ја извадиме се става доматно пире, моцарелата и зачини.
  6. Се пече уште 15 минути на 200 степени.
  7. Послужете ја топла. Може да додадете и босилек.https://www.youtube.com/watch?v=micSeBbPJxo

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки