Ирски тост со пржено сирење

Ирски тост со пржено сирење

Совршен крцкав вкус на тост, препржено сирење и лут снеф!

Состојки:

  • 150 гр млеко
  • 1,5 лажица брашно
  • 400 гр тврдо сирење
  • 160 гр презла
  • 1 лажица сенф
  • 120 мл темно пиво
  • 2 јајца (жолчки)
  • кромид
  • 6 парчиња тост леб

Начин на подготовка:

  1. Загрејте млеко во тенџере и разматете го во брашно. Продолжете да мешате додека не зоврие. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата. Млекото треба малку да згусне.
  2. Додајте сирење и мешајте на ниска температура додека не се растопи. Додајте презла, сенф и темно пиво. Продолжете да мешате додека смесата не се соедини.
  3. Тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да се излади. Откако ќе се излади, додајте жолчки и добро измешајте ги состојките. На крај додајте и кромид.
  4. Ставете од смесата на тост леб, а потоа добро загрејте да порумени.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки