Јадење без месо: Крокети со компир и сусам

Јадење без месо: Крокети со компир и сусам

Ако сметате дека не можете да замислите јадење без месо, пробајте ги овие крокети со компир и сусам… Ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 500 гр компир
  • 200 гр брашно
  • 40 гр маргарин
  • 50 мл вода
  • сол
  • зачин
  • 150 гр растителен кашкавал
  • 200 гр сусам
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и сварете ги во посолена вода. Кога ќе бидат готови, исцедете ги и изгмечете ги во пире.
  2. Додека компирите се топли додајте им зачин и маргарин. Кога масата малку ќе олади, измешајте брашно разматено во малку вода во која претходно се вареле компирите, па потоа замеете тесто.
  3. Готовото тесто поделете го на поголеми парчиња и на побрашнета површина обликувајте форми.
  4. На секое парче ставете коцка растителен кашкавал и обликувајте топче, внимателно да тестото сосема го обвитка кашкавалот.
  5. Крокетите извалкајте ги во сусам и пржете ги во длабоко масло. Испржените крокети вадете ги на хартиена крпа.
  6. Послужете и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк

ВИДЕО: Топ 5 рецепти со јајца во Дубаи

ВИДЕО: Како да зготвите печени јајца на Шкотски начин

Печен спанаќ со јајца

ВИДЕО: Нема повеќе печење или пржење јајца, туку…

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца