ВИДЕО РЕЦЕПТ: Колач со јагоди, аронија и рибизли

ВИДЕО РЕЦЕПТ: Колач со јагоди, аронија и рибизли

Овошен колач кој морате да го пробате, идеален за секое годишно доба!

Состојки за кора:

  • 450 гр брашно 
  • 1 кесичка прашок за пециво 
  • 250 гр маргарин 
  • 75 гр шеќер 
  • 2 лажици кисела павлака 
  • 5 жолчки

Состојки за фил:

  • 5 белки 
  • 150 гр шеќер 
  • 2 пудинга од ванила 
  • 6 лажици масло 
  • 400 гр овошје 
  • 3 лажици гриз

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете шеќер и омекнат маргарин. Додајте кисела павлака и жолчки. Постепено додавајте брашно и прашок за пециво и замесете тесто. Тестото ставете го во фрижидер на 20-30 минути. 
  2. Замрзнатото овошје измешајте го со 3 лажици гриз. Белките разматете ги во цврст снег, постепено додавајќи шеќер и ванилин шеќер. Потоа додајте пудинг во прав и масло, па матете со најмала брзина на миксерот. 
  3. Тестото извадете го од фрижидер и поделете го на два дела, 1/3 и 2/3. Развлечете го поголемото парче на побрашнета површина во големина на плехот во кој тестото ќе се пече. Плехот обложете го со хартија за печење и во него ставете го растегнатото тесто. 
  4. Потоа ставете половина од филот и проредете половина од овошјето, повторно фил, па остатокот од овошјето. 
  5. Другиот дел од тестото растегнете го и исечете го на ленти. Лентите подредете ги преку овошјето и формирајте мрежа. 
  6. Питата печете ја во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Повеќе на Готви.мк:

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*