ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ: Еве како да направите домашен француски багет

ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ: Еве како да направите домашен француски багет

Можеби ќе ви се чини малку комплициран, бидејќи прво треба да направите „стартер“- тесто кое на багетот му дава крцкава структура, сепак ви го препорачуваме овој рецепт за неодолив домашен француски багет…

Состојки за „стартер“:

  • половина лажица сув квасец
  • половина шолја вода на собна температура
  • 1 шолја брашно

Состојки за багет:

  • 1 шолја млака вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • половина килограм брашно + брашно за посипување
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Замесете ги состојките за „стартер“ тесто – брашно, квасец и вода. Почекајте да отстои преку ноќ или минимално 6 часа. Ќе добиете тесто полно со меурчиња.
  2. Во посебна чинија замесете ги состојките за багет. Ако треба додајте брашно или вода. Додајте го и „стартер“ тестото и премесете. Оставете го тестото на топло и прекријте го. По 1 час премесете. Потоа оставете го да мирува, па повторно премесете.
  3. Тестото побрашнете го и распоредете го на 3 еднакви топчиња.
  4. Топчињата развлечете ги во должина и обликувајте багети.
  5. На плех ставете хартија за печење, ставете ги багетите, засечете ги неколку пати. Оставете ги да отстојат еден час прекриени со кујнска крпа.
  6. Печете додека не поруменат на 200 степени во претходно загреана рерна.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Полнети тиквици

Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек

Ќофтиња од тиквичка

Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук

Турли тава по најдобар рецепт

Крем супа од зеленчук

Одлична идеја за ручек

ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица

Печена пица палачинка

Пица на два ката

ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица