Сахер торта по оригинален рецепт – Направете вистинско слатко уживање

Сахер торта по оригинален рецепт – Направете вистинско слатко уживање

Ново совршенство од рецепт кое ни го испраќа Александра Стојановска Бизевска. Направете сахер торта од вашата кујна по рецептот на врвните виенски мајстори. Погледнете и прочитајте како:

Состојки:

  • 7 јајца
  • 150 гр путер
  • 120 гр шеќер во прав
  • 150 гр чоколадо
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 120 гр шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 160 гр брашно
  • 400 гр џем од кајсии

Состојки за глазура:

  1. 1 чоколадо 85% какао
  2. 160 мл вода
  3. 150 гр шеќер
  4. 1 хопла за декорација

Начин на приготвување:

  1. Се одделуваат белките од жолчките. Се мати омекнатиот путер со миксер и во него се додава шеќерот во прав. Се миксира. Во таа смеса се додаваат жолчките (една по една) и екстрактот од ванила.
  2. На пареа се растопува чоколадото и миксирајќи се додава во смесата со путерот.
  3. Во неизматените белки се додава прстофатот сол. Се миксира. Миксирајќи се додава шеќерот. Се миксира до добивање на мека шлаг смеса. Постепено се спојува со претходната смеса и се промешуваат.
  4. Во таа споена смеса се додава брашното и се промешува. Смесата се истура во тава со пречник што се вади, 23см.
  5. Се пече на 180 степени околу 45-50 мин. Се вади и се превртува на хартија за печење. Се сече на пола.
  6. Се премачкуват со џемот од кајсии двете половини и се спојуваат. Се премачкува одозгора и целата торта со тенок слој џем. Се става на решетка под која сеуште стои и хартијата за печење, поради што ќе се филува и да се заштити површината поради течење на глазурата.
  7. Се остава да се исуши некоја минута. Во тенџере заедно се зовриваат 160 мл вода и една лажица шеќер. Откога ќе зоврие смесата, се додава чоколадото од какао. Се соединува смесата до средна густина. Така соединета се истура врз тортата.
  8. Почекајте смесата да се стврдне околу 1,5 час. Се декорира со изматената хопла.

Фото галерија од подготовката на сахер тортата:

Прочитај повеќе рецепти за десерти на Gotvi.mk:

Македонска традиционална алва – Маестрален, а лесен рецепт

Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*