Засукајте ги ракавите: Необична пита со шери домати

Засукајте ги ракавите: Необична пита со шери домати

Ако ви здодеа од вообичаените пити со месо, сирење,зелка, компир или спанаќ, ви нудиме нов деликатес. Засукајте ги ракавите и да почнеме:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 90 мл јогурт
  • 180 гр брашно
  • 40 гр масло
  • 1 лажица интегрално брашно
  • 150 гр квасец
  • 10 шери домати
  • 1 тиквичка
  • 80 гр урда
  • сол

Подготовка:

  1. Ја рендаме тиквичката, ја посолуваме и ја оставаме во сад, а во друг сад ги матиме јајцата.
  2. Го додаваме маслото, јогуртот, квасецот, тиквичката, урдата и брашното заедно со интегралното брашно.
  3. Смесата ја ставаме во тава. Одозгора ги редиме шери доматите.
  4. Печеме околу 15 минути на 200 степени.
  5. Послужете со јогурт.

Повеќе на Готви.мк:

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо