Направете сосема необичен деликатес од италијанската кујна со две супер намирници, праз и кикирики.
Состојки:
- 250 гр шпагети
- 2 праза
- 200 гр кикирики
- 200 гр павлака
Подготовка:
- Шпагетите сварете ги вообичаено во солена вода.
- Празот исечете го, а кикириките ситно истолчете ги.
- Празот се пржи во мало, па се додаваат кикириките, и на крај се ставаат шпагетите и павлаката.
- Се меша и се сервира.
Специјалитет на денот: Пита со мелено месо