Домашни кроасани со фета сирење (ВИДЕО)

Домашни кроасани со фета сирење (ВИДЕО)

Нема ништо поубаво од мирисот на домашно пециво…

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 30 гр квасец
  • 100 гр маргарин
  • 1/2 прашок за пециво
  • сусам и семки
  • 1 лажица шеќер
  • сол
  • 3 јајца
  • 200 гр фета сирење
  • 100 гр масло
  • 1 кисело млеко

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растворете го во малку млеко и додајте шеќер. Кога ќе се растопи додајте 2 јајца и малку разматете ги. Млако млеко измешајте со кисело млеко и додајте го во квасецот. Потоа додајте масло, брашно, сол и прашок за пециво. Сè добро измешајте и додавајте брашно, па замесете тврдо тесто. Тестото ставете го во чинија и покријте го, оставете го да нарасне на топло.
  2. Премесете и развлечете го тестото на дебелина околу половина сантиметар во правоаголник. Сечете коцки. Секоја коцка исечете ја на ленти (како во видеото).
  3. Свиткајте кроасани и редете ги во плех на кој претходно сте ставиле хартија за печење.
  4. Кифлите намачкајте ги со жолчка и посипете ги со семки. Оставете ги да нараснат и печете ги на 180 степени од 20-30 минути.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Ви остана лиснато тесто во кујна? – Направете брз и вкусен десерт

Едвај ќе се воздржите додека да вкусите: Десерт чоколадна лава

Рози од јаболка

Десерт готов за 20 минути

Вкусни чоколадни мафини

Класични благи мафини

Солени мафини со козло сирење