ПОВЕЌЕ ОД ДЕЛИКАТЕС: Полнети колбаси за сечиј вкус

ПОВЕЌЕ ОД ДЕЛИКАТЕС: Полнети колбаси за сечиј вкус

Направете деликатес и овој викенд претворете го во викенд за дружба и вкусен ручек со семејството.

Состојки:

  • 4 колбаси
  • 1 пиперка
  • 4 парчиња кашкавал
  • 2 лажици ајвар
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 600 гр компири
  • 0,5 дл млеко
  • 1 лажица путер
  • 200 гр сланина
  • масло

Подготовка:

  1. Подготовката е повеќе од едноставна. Исечете ги пиперката и кромидот, со морковот и пропржете на масло. Динстајте и додадете и вода по потреба.
  2. Колбасите внимателно и рамномерно пресечете ги на половина, премачкајте ги со ајвар, па ставете кашкавал и фил од зеленчукот од тавата.
  3. Поклопете ги колбасите.
  4. На масло пропржете ја сланината и завиткајте ги колбасите со лист од неа.
  5. Печете на 200 степени додека не заруменат.

Повеќе на Готви.мк:

Шарени полнети пиперки

Полнети пиперки

Турли тава по најдобар рецепт

Специјалитет на денот: Пита со мелено месо

Лесковачка урнебес салата – одлична промена во кујната

Веге рижото

Печени тиквички со пилешко и зеленчук