Чорба од сирење

Чорба од сирење

Благата и кремаста чорба е вистински гурмански оброк.

Состојки:

  • 2 праза
  • 1 чешне лук
  • масло
  • 800 мл супа од зеленчук
  • 150 гр козјо сирење
  • 100 мл павлака за готвење
  • сол, бибер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 парчиња бел леб

Начин на подготовка:

  1. Празот и лукот ситно исечкајте ги. Во лонец загрејте масло и на него издинстајте ги празот и лукот. Налијте со супа од зеленчук и оставете да се вари.
  2. Иситнете го сирењето и со павлаката додајте го во чорбата. Мешајте на благ оган додека сирењето не се растопи. Чорбата испасирајте ја со миксер, додајте сол и сок од лимон.
  3. Лебот исечкајте го на коцки и пропржете на масло.
  4. Послужете и уживајте!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула