ПОСНО И ВКУСНО: Овој петок ќофтиња од леќа

ПОСНО И ВКУСНО: Овој петок ќофтиња од леќа

Леќата е традиционално македонско јадење, а за овој петок ви нудиме деликатес токму со него. Еве што ви е потребно.

Состојки:

  • ½ шолји леќа
  • ½ шолји хељда
  • ½ шолји морков
  • 2-3 кришки леб
  • ½ главица кромид
  • магдонос
  • зачини

Подготовка:

  1. Леќата се вари 30 минути и се цеди, а хељдата се вари во вода, па се фрла водата и се става во друга, со малку сол.
  2. Морковот се обарува, кромидот ситно се сече, се меша со леќата и се додава лебот и зачините.
  3. Се остава смесата да отстои, па се прават ќофтиња.
  4. Се пече 40 минути на 200 степени.

Повеќе на Готви.мк:

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо