Пекабеско добитник на високо признание за корпоративна општествена одговорност

Пекабеско добитник на високо признание за корпоративна општествена одговорност

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во дистрибутивната дејност, Пекабеско е добитник на ЗЛАТНА МОНЕТА – бизнис награда за Корпоративна Општествена одговорност.

Наградата ја доделија од Сојузот на стопански комори на Македонија од каде истакнаа дека компанија добитник на вакво високо признание за Корпоративна Општествена одговорност активно придонесува за заедницата во Република Македонија и претставува компанија која го поддржува спортот, младите и зачувувањето на животната средина.

Плакета за општествена одговорност на Пекабеско од ССКОпштествената одговорност и грижата за заедницата претставува една од примарните определби на Пекабеско. Од 2015 година, во соработка со интернет заедницата и Црвениот Крст започна со спроведување на акција за доделување на пакети со храна за социјално загрозени семејства.

Исто така, компанијата постојано поддржува голем број меѓународни младин
ски конференции, културни настани, спортски кампови за деца и слично, со што покрај поддршката, Пекабеско има за цел и мотивација на останатите компании во своите приоритети да ја стават хуманата димензија и грижата за заедницата.

Од Пекабеско се заблагодарија на Сојузот на стопански комори на Македонија, истакнувајќи дека како компанија секогаш се обидуваат да возвратат на довербата и лојалноста која на брендот на Пекабеско ја даваат потрошувачите од Македонија и регионот.

Повеќе рецепти со Пекабеско производи прочитај ТУКА

Пекабеско донираше 2,4 тони млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите

Пекабеско сертифицирана со ISO 22000 : 2005

Пекабеско донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства