Денеска е голем празник: Замесете јачменов леб

Денеска е голем празник: Замесете јачменов леб

Денеска православните христијани го празнуваат Св. рамноапостол Аверкиј.Црквата го нарекува рамноапостол заради неговите успеси во проповедта на Евангелието, слични како на апостолите. Во време на император Антонин беше епископ во Ерапол, Фригија. Заради неговиот доблесен живот и чудата што ги правеше во Христово име, малку по малку се крсти целиот Ерапол, инаку до тоа време скоро чисто пагански град. На старост бил повикан во Рим, каде што ја исцелил полудената царева ќерка. Го проповедал Евангелието и во Сирија и Месопотамија. Овој Христов светилник се пресели во небесните населби кон крајот на вториот век, откако доживеа длабока старост.

Денеска се препорачува да се јаде јачменов леб за да се разберат неговите зборови: „Тие кои се хранат со ваков леб, на златото гледаат како на кал!“. Затоа ви нудиме супер рецепт:

Состојки:

  • 100 гр бело брашно
  • 600 гр црно брашно
  • 500 гр јачменово брашно
  • 5 лажици масло
  • 700 мл млака вода
  • 15 гр квасец
  • сол

Подготовка:

  1. Од сите состојки замесуваме средно меко тесто и го оставаме да стаса, па вадиме шест топчиња.
  2. Топките тесто ги ставаме во тава и печеме на 200 степени околу 20 минути.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта