Пикантно пиле со маслинки

Пикантно пиле со маслинки

На пилешкото посебен вкус му даваат ароматичниот сос и маслинките.

Состојки:

  • големо пиле (околу 1.2 кг)
  • сол, бибер
  • 2 главици кромид
  • сува лута пиперка
  • 4 лажици маслиново масло
  • рузмарин
  • ловоров лист
  • сок од 3 портокали
  • 100 гр црни маслинки без коски
  • 2 лажици џем од портокал

Начин на подготовка:

  1. Измијте го пилето, исушете го и исечете го на 8 делови. Месото истриjте го со сол и бибер. Исечете кромид на тенки траки. Ситно исечкајте ја лутата пиперка.
  2. Загрејте масло во длабоко тенџере, па на него пропржете го месото. Извадете го месото.
  3. Кеомидот пропржете го на маслото во кое претходно го пржевте месото, додајте ги билките и сокот од портокал. Посолете и побиберете по вкус. Додајте ја пиперката, масинките и џемот од портокал.
  4. Месото повторно ставете го во тенџерето и пржете го со зачините 40 минути на тивок оган во поклопен сад.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири